Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан призна дека секогаш била искрена со своите деца, дури и среде бурниот развод од нивниот татко Канје Вест.
Во интервјуто со Робин Робертс во „Добро утро, Америка“, Ким ја раскажа целата ситуација.
Таа вели дека имала тежок разговор со децата за разводот од Канје, бидејќи смета дека чесноста е најважна работа во семејството. Додаде дека се уште е горда на Канје бидејќи е многу отворена личност, но тешко се справувала со неговото загрижувачко однесување и јавните испади во последните месеци.
Се чини дека поранешната двојка се согласува дека благосостојбата на Норт (8), Сеинт (6), Чикаго (4) и Псалм (2) секогаш е на прво место.
Откако првично и беа прикажани сите објави на Канје, вклучително и видео во кое тој го киднапира и убива Пит Дејвидсон, новото момче на Ким, ријалити ѕвездата прокоментира: „Жал ми е што се случи така“.
„Можам да бидам повредена или лута на бившиот, но мислам дека секогаш морам да кажам „Татко ти е најдобар“ пред децата. Погрижи се да си најголемиот обожавател на својот родител, без разлика низ што поминува лично“, таа рече.
Постарите деца, Норт и Сеинт, целосно разбираат што се случило со бракот на нивните родители.
„Јас сум отворена и искрена со нив. Помладите не разбираат толку многу, но што се однесува до постарите, тие знаат сè. Мора да бидете тука за нив. Без разлика на се, дури и со лудиот живот што го имаме, мора да имаш искрен разговор со децата“, рече таа.
За неа е многу важно децата да останат блиску до својот татко.
„Кога станува збор за семејството, Канје и јас секогаш ќе бидеме семејство. На крајот на денот сакам моите деца да бидат среќни, здрави и горди на својот татко. Какви и се“, рекла таа.
„Во моментов, Канје е посветен на здрава роднинска врска со Ким и е фокусиран на воспитувањето на нивните убави деца“, изјави за Six портпаролот на славниот рапер.