📷Карди Би го роди своето трето дете, ги сподели првите фотографии од болницата со своите фанови

од Vladimir Zorba
62 прегледи

Пејачката Карди Би на својот Инстаграм профил откри дека на 7 септември родила дете и објави неколку фотографии од болница со новороденото девојче чие име се уште не е познато. Ова е нејзино трето дете, а шесто за нејзиниот сопруг, од кого неодамна поднесе барање за развод, раперот Офсет.

Неодамна Карди Би реагираше на гласините за бизарното име на бебето кои кружеа во јавноста. Обожавателите шпекулираа за името на детето кое таа го чека, а едно од предложените имиња беше Ураган. Карди се огласи на социјалната мрежа Х за да одговори на ова тврдење, јасно ставајќи до знаење дека тоа не е името што тие го избрале.

Потсетуваме, според странските медиуми, познатата пејачка поднела барање за развод по шест години брак поради гласини за изневерување, но изјавила дека аферата на нејзиниот сопруг не била главната причина за разводот.

„Тие се оддалечија. Тоа е она што ја натерало на оваа одлука повеќе од било што друго. Ова е нешто што таа сака да го направи“, рекол изворот. Карди побара старателство над нивните деца, ќерката Култур (5) и синот Вејв (2).

Од почетокот на нивниот брак се шушка дека Офсет бил неверен. Неодамна раперот ги демантираше најновите гласини за изневерување, откако беше виден во јавноста со жената со која наводно се гледал пред бракот со Карди.

И минатата година имаше гласини дека Офсет ја изневерува Карди со поранешна девојка, но тој и тогаш ги демантираше тие гласини.

Слични содржини