Раперката Карди Би се вклучи во живо на Инстаграм за да ја каже вистината за разводот со сопругот Офсет. Како што вели, гласините во медиумите не се точни – вистинската причина е што, како што вели, таа е уморна од расправии со маж кој повеќе не го сака.
„Ништо од тоа што го прочитавте во медиумите не е точно, освен фактот дека се разведувам. Поминав четири години во брак со овој човек, имаме едно дете заедно. Уморна сум од тоа постојано да се расправам со него“, изјави Карди.
„Едноставно,тоа е тоа. Јас дури и не пуштив солза кога поднесов барање за развод. Ми се гадеше. Порано плачев поради неговите глупости, но сега веќе не“.
@iamcardib addresses her reasons for divorcing Offset… pic.twitter.com/J0n7qDSIms
— The HipHop Junkie (@_quanwilliams) September 19, 2020
Да потсетиме, раперката неодамна поднесе барање за развод од нејзиниот сопруг Офсет, по три години брак. „Мирор“ пишува дека причината за тоа е измама, но и гласини дека раперот чека дете со друга жена – таа сега го демантираше тоа.
Нивното прво рочиште е закажано за 4 ноември.