392
Американскaта раперка Карди Би потроши многу пари оваа недела за да купи дури седум нови дизајнерски чанти за нејзината двегодишна ќерка.
Покрај прескапите дизајнерски чанти, раперката ѝ купи и скап накит на својата миленичка, како и украси за коса, па откри:
„Имав луд шопинг. Додуша, сè за Култур, не за мене. Се е во ред. Бог ми даде кукла со причина, зарем не?“, напиша 28-годишната раперка.
Новите чанти и подароци на Култур чинат околу 29.000 долари.
„Ова се случува кога Бог ќе ми го подари девојчето што секогаш го посакував. Купувам повеќе за неа отколку за себе“, додаде Карди.