362
Раперката Карди Би одмара во Мајами, каде папараците ја уловиле во шопинг, на кој наводно потрошила илјадници долари.
Но, она што сите ги зачуди е што секогаш беспрекорната Карди, овојпат одлучила да излезе сосема несредена, без шминка, со марама на главата и несмасен фустан кој го откива целиот целулит.
Нејзините фанови застанале во одбрана на пејачката, велејќи дека е уморна и дека ѝ треба одмор, што е повеќе од очигледно.
Неодамна Карди се појави на насловната страница на Вог, што на многумина не им се допадна бидејќи постојат наводи за нејзина вмешаност во позната гангстерска банда, но и нејзиното признание дека била вмешана во многу криминали и дека работела и како стриптизета.