Карди Би се пофали со достигнувањето на нејзиниот 3-месечен син: Можеби има супермоќи

од Vladimir Zorba
414 прегледи

Три месечниот син на раперката Карди Би и раперот Офсет е многу напредно дете. Во понеделникот, гордата мајка објави симпатична вест на Твитер, фалејќи се дека нејзиниот мал син го држи своето шише додека јаде.

„Мојот син веќе го држи шишето со двете раце“, напиша таа, додавајќи емотикон за плачење, што за неа веројатно означува солзи радосници. „Се обидувам да се сетам дали КК го направи тоа кога имаше околу три месеци или ова е една од суперсилите што ја добиваат децата од пандемијата“, се прашува Карди Б, додека прекарот КК значи Калчр Киари, како што се вика нивната постара ќерка.

Иако сите бебиња се различни, малиот син на раперското дуо навистина изгледа дека има некои супермоќи или само супер силни раце. Според „Healthline“, просечната возраст на која бебињата можат сами да држат шише е околу осум до девет месеци, но можно е тоа да се постигне и пред шестиот месец.

Малото момче е родено во септември, а името се уште не е откриено.

Слични содржини