Кардиолог: Една работа не смеете да ја правите ако имате висок холестерол

од Vladimir Zorba
456 прегледи

АКО ВАШАТА исхрана е богата со месо, млечни производи, заситени масти и транс масти, вашиот холестерол може да биде висок, но не треба да биде. Според кардиологот Елизабет Клодас, има една работа што никогаш не треба да ја правите ако имате висок холестерол.

„Најлошото нешто што пациентите можат да го направат е да го игнорираат. Високиот холестерол, а особено високиот ЛДЛ (лош) холестерол, е еден од најдобро проучуваните и најконзистентно поврзаните фактори на ризик за развој на атеросклероза“, предупреди таа.

Атеросклерозата е акумулација на наслаги во артериите.

„Постои речиси линеарна корелација помеѓу нивото на ЛДЛ и ризикот од срцеви заболувања. Со игнорирање на вашиот холестерол, вие само се подготвувате за катастрофа“, додаде таа.

Ако холестеролот е превисок, може да предизвика голем број проблеми, вклучително и затнување на артериите. Ова за возврат може да доведе до срцев удар, мозочен удар и заболување на периферните артерии.

„Срцевите болести се убиец број еден, а високиот холестерол значително придонесува за таа статистика. Затоа не е чудно што лекарите се толку фокусирани на следење на холестеролот”, објасни д-р Клодас.

Ако имате висок холестерол, од клучно значење е да ја контролирате вашата исхрана. Конзумирањето на целосни прехранбени влакна, омега-3 масни киселини, растителни стероли и антиоксиданси може значително да се намали ЛДЛ.

Слични содржини