Кардиолог предупредува: Избегнувајте ја оваа храна ако сакате здраво срце

Срцевите заболувања и натаму се меѓу најчестите причини за смртност, но според д-р Соња Бабу-Нарајан – кардиолог во Кралската болница Бромптон и заменик-медицински директор на Британската фондација за срце – дури и мали промени во начинот на исхрана можат значително да го намалат ризикот од срцеви компликации.

од Марта Пешевска
19 прегледи

Ултра-преработената храна е главниот непријател

„Со намалување на ризикот од срцеви заболувања, директно го намалувате и ризикот од срцев удар“, вели д-р Бабу-Нарајан. Таа потенцира дека најштетна за срцето е ултра-преработената храна, која вклучува:

  • Колбаси, шунка и други преработени меса
  • Индустриски произведен леб и житарки за појадок
  • Инстант супи, чипс, бисквити
  • Сладоледи и овошни јогурти

Овие производи често содржат високи нивоа на заситени масти, сол и шеќер – три ризични фактори за срцеви заболувања.

Што препорачува кардиологот?

Д-р Бабу-Нарајан советува:

  • Намалете го внесот на шеќер и сол
  • Избегнувајте ултра-преработена храна
  • Јадете повеќе овошје, зеленчук и интегрални житарки

Дополнително, редовната физичка активност (најмалку 150 минути неделно), одржувањето на здрава тежина, престанокот со пушење, и редовната контрола на крвниот притисок и холестеролот се клучни за зачувување на здравјето на срцето.

Како да ги препознаете симптомите на срцев удар?

Навремено препознавање на симптомите може да спаси живот. Најчестите симптоми се:

  • Болка или притисок во градите
  • Болка што се шири кон вратот, рамената, грбот или вилицата
  • Вртоглавица, слабост, потење
  • Отежнато дишење
  • Гадење, повраќање или чувство на паника

Ако почувствувате некој од овие симптоми, веднаш побарајте медицинска помош – секоја минута е важна.

Здравото срце започнува од нашата трпеза – секој избор што го правиме може да биде чекор поблиску до подолго и поквалитетно живеење.

 

Слични содржини