Карен Хачанов е првиот финалист на Олимписките игри

од Stefanija Kuzmanovska
381 прегледи

Карен Хачанов е првиот финалист на Олимписките игри во Токио.

Во првото олимписко полуфинале, Хачанов беше подобар од Пабло Карењо Буста и славеше во два сета со резултат 6: 3, 6: 3.

На Хачанов му беа потребни само час и 20 минути за целосно да го скрши отпорот на шпанскиот тенисер и да и донесе на Русија нов медал, а каков ќе блесне – останува да видиме.

Во борбата за златото, ривал на Хачанов ќе биде подобар од дуелот во кој се среќаваат Новак Ѓоковиќ и Александар Зверев.

Слични содржини