1,K
Се засилија шпекулациите дека еден од најдобрите кошаркари на нашето време, Стеф Кари, ќе го напушти својот тим Голден Стејт Вориорс.
Бекот го отстрани од својот профил на една од социјалните мрежи дека игра за Вориорс, што доведе до сериозни дискусии.
Се верува дека Кари и Леброн Џејмс би можеле да завршат заедно во ист тим на крајот од кариерата, иако не е јасно дали тоа ќе биде со Лос Анџелес Лејкерс.
Сепак, рано е да се каже дали Кари воопшто ќе ги напушти Голден Стејт Вориорс, но самата постапка на бекот е исклучително интересна и може да биде знак за неговата иднина.
Кари и Џејмс беа одличен тандем и на Олимпијадата во Париз кога САД ги освоија златните медали.