Кари: Меси е гениј, имаме многу заеднички нешта

од Vladimir Zorba
306 прегледи

Двајцата играат во два радикално различни спортови, на голема далечина, но тие се обединети за една цел.

Стеф Кари, суперѕвездата на светската кошарка, гледа многу заеднички нешта меѓу него и фудбалската ѕвезда, Лионел Меси. Бекот на Голден Стејт смета дека „десетката“ на Барселона има слични ставови, како и влијание врз младите.

– Мислам дека тој е гениј, кој твори постојано, но и покрај гламурозната страна на работите, има многу основни аспекти во неговата игра. Тој работи напорно, и ова, во комбинација со неговиот неверојатен талент, дава јасни резултати на теренот, вели Кари.

Бекот на „воините“ смета дека двајцата имаат многу заеднички нешта особено кога станува збор за креативноста и иновациите кои ги покажуваат во нивните спортови.

– Освен тоа мислам дека се трудиме да влијаеме врз следната генерација и да ги натераме младите исто како нас да се трудат до крајни граници, додава уште двократниот шампион на НБА со Голден Стејт.

Слични содржини