Кари за обвинувањата дека ја „уништил“ НБА: Не грижете се, ќе продолжам да шутирам

од Vladimir Zorba
28 прегледи

Бекот на Голден Стејт, Стеф Кари, одговори на неодамнешните критики на Леброн Џејмс, на кој не му се допаѓа што шутот за три поени речиси целосно го презеде приматот во најсилната лига на светот.

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс последен во низата го крена гласот против трендот кој пред се се поврзува со Кари, официјално најдобриот тројкаш во историјата на натпреварувањето.

„Секој има свое мислење. Не можам да излезам на теренот и да забивам со спин од 360 степени или да забивам преку некого. Лично, никогаш нема да бидам против шутот за три поени“, изјави Кари и продолжи: „Постојат одредени трендови кои почнаа да се појавуваат во лигата. Гледате многу „големи“ играчи кои доминираат на постот. Тоа е како крајност, а поентата е дека одбраната се прилагодува и само треба време. Ќе видиме каде ќе оди ова. Ќе продолжам да шутирам тројки, па не грижете се за тоа“.

Слични содржини