Мохамед Салах вчера и официјално потпиша нов двегодишен договор со Ливерпул, ставајќи крај на повеќемесечната сага за неговото заминување од „Енфилд“.
Англиски „Би-Би-Си“ истакнува дека одлуката на Египќанецот била водена од спортски мотив, а не од пари. Желбата да продолжи да игра фудбал на највисоко ниво го навела да остане за околу 400.000 фунти неделно во Ливерпул и да одбие повеќе од половина милијарда евра од Саудиска Арабија. На почетокот на 2025 година се чинеше дека ПРО лигата на Саудиска Арабија ќе го добие „фараонот“ по „кралот“ (Кристијано Роналдо), но се се промени во март.
Клучна улога имаше спортскиот директор Ричард Хјуз, кој почувствува што точно сака и очекува Салах во наредниот период. Се очекуваат летни засилувања и за идните шампиони во Премиер лигата, а потоа и напад на Лигата на шампионите на УЕФА.
Спортска амбиција пред паричник и среќно семејство пред екстремно големо богатство. Имено, на одлуката на Салах на крајот влијаело неговото семејство, бидејќи неговата сопруга Маги и ќерките Мака и Кајан уживаат во животот во Ливерпул.