Каритас: Туристите во Фонтана ди Треви фрлиле 1,5 милиони долари

од Vladimir Zorba
58 прегледи

Туристите минатата година во римската Фонтана ди Треви уфрлиле парички во вредност од 1,5 милиони долари. Трите најзастапени валути извадени од фонтаната се еврото, американскиот долар и јапонскиот јен. После година дена долга обнова, славната римска знаменитост , барокното ремек дело на Николо Салви од 18 век , повторно е отворена 2015 .

Според легендата, секој кој ќе уфрли паричка во Фонтана ди Треви еден ден ќе се врати во вечниот град. Корисник на тие пари е Каритас. Трите најзастапени валути  извадени од фонтаната се еврото, американскиот долар и јапонскиот јен. Лани овде се нашле и две вештачки протези.