Карл Лагерфелд размислува за нов бизнис, модата повеќе не е доволна зa него

од desk2
96 прегледи

Еден од најпознатите имиња во светот на модата и модните дизајнери, Карл Лагерфелд на возраст од 83 години незапирливо го шири својот бизнис.

ac721e6afd573e909b4d

Се разбира, ова не е за изненадување бидејќи веке е добро познато дека сето она што е поврзано со неговото име, е предодредено за успех на пазарот.

Лагерфелд, во текот на годините стана добро познат бренд, а сега тој одлучи да го прошири својот бизнис и во хотелиерство. Наводно, тој планира да отвори ланец на хотели, ресторани и клубови, под името “Karl Lagerfeld Hotels & Resorts”, во соработка со холандската компанија “Brandmark Collective BV”.

x192183926566537872_16-1

Исто како што би се очекувало, целиот овој комплекс ќе биде препознатлив по неговата уникатна естетика. Доколку помисливте дека ова е една необична одлука за “кралот на модата”, не сте во право. Поточно, “Versace”, “Armani” и “Bulguari” веќе имаат сопствени хотели низ целиот свет, а моќниот Лагерфелд заклучил дека, дефинитивно е крајно време и тој да се вклучени во таа мода-туризам авантура.