323
ИГРАЧОТ во Лас Вегас, Карл Насеб стана првиот активен играч во НФЛ, кој минатата ноќ откри дека е хомосексуалец.
Тој го објави тоа на Инстаграм, велејќи дека не го прави тоа од внимание, туку затоа што смета дека „видливоста е важна“.
Во својата кратка видео порака изјави дека ќе донира 100.000 долари на непрофитна организација која се занимава со превенција од самоубиство кај младите ЛГБТК лица.
Насеб играше две сезони за Кливленд и Тампа Беј, пред да им се приклучи на Рајдерс во 2020 година.