395
Јелена Карлеуша преку Инстаграм му упати желби за побрзо закрепнување на нејзиниот колега Ѓорѓе Давид, кој вчера потврди дека е заразен со коронавирус.
Таа на инста-стори објави заедничка фотографија од неа и колегата направена за време на снимањата на Ѕвездите на Гранд, каде тие се членови на жирито.
„Пак вака да се смееме и овој кошмар да биде зад нас. Брзо оздравување“, посака Карлеуша на рокерот кој лежи во болница со воспаление на белите дробови.