Карлеуша ги откажа настапите заради коронавирусот

од Aleksandar Petrovski

Популарната српска пејачка Јелена Карлеуша (41) реши да ги откаже закажаните настапи заради зголемениот број заразени од коронавирус.

Карлеуша истакна дека и покрај ситуацијата, интересот бил голем, и дека ги распродала концертите, но заради здравјето на нејзината публика и самата таа, сепак ги одложува на неодредено време.

Пејачката ги извести своите следбеници за нејзината одлука преку Инстаграм, а нема сомнение дека нејзините обожаватели сепак им е жал, затоа што се радуваа на средбата со пејачката.

– Драги мои, и покрај огромниот интерес и распродадените концерти, решив дека сепак е најдобро за мојата публика и за мене да ги одложам сите закажани датуми до моментот кога сите можеме безбедно да уживаме во моите песни и најдобрата журка – напиша Јелена.

Пејачката додаде дека се надева дека ситуацијата со короната ќе биде побезбедна наскоро и дека тогаш ќе ги одржи одложени настапи.

За потсетување Јелена ги урна социјалните мрежи со фотографија во која беше целосно гола во базенот, а сите гледаат само во еден детаљ на пејачката.

Слични содржини