Јелена Карлеуша и Светлана Цеца Ражнатовиќ денеска повторно се сретнаа во Првиот основен суд во Белград. Тужената Карлеуша, меѓутоа, беше прилично лошо расположена, можеби поради лошите временски услови или скандалот што одекна во јавноста претходните денови, во врска со дисквалификувањето во Zvezde Granda, па им се обрати на присутните новинари. Најпрво таа учтиво се извини, а потоа ги „почести“ со псовка.
Пејачките имаа закажан термин во 14 часот, а тие се појавија на суд малку пред закажаното време.
„Момци, морам да ви се извинам, ама одете сите во пи**у матер“, им се обрати пејачката грубо на фоторепортерите непосредно пред да влезе во зградата на судот.
За разлика од Карлеуша, Цеца беше добро расположена и ги поздрави присутните новинарски екипи.
Инаку, рочиштето закажано за денес се темели на тужбата на Светлана Ражнатовиќ, а се однесува на тврдењето на Јелена Карлеуша дека Цеца била вмешана во убиството на нејзиниот покоен свршеник Зоран Давидовиќ.