Карлеуша обвинета за физички напад врз новинар

од Stefanija Kuzmanovska
355 прегледи

Третото основно јавно обвинителство во Белград поднесе обвинение против Јелена Карлеуша за физички напад врз фотографот на еден дневен весник, Владимир Шпорчиќ, што се случи на гробиштата на Нова Бежанија во 2019 година, дознава „Нова.рс“.

Против Карлеуша беше поднесено обвинение поради постоење на оправдано сомнение дека сторила кривично дело злоупотреба и тортура од член 137 став 1 од Кривичниот законик.

Имено, таа во 2019 година физички го нападна фоторепортерот на гробиштата Нова Бежанија и жестоко го навреди и плукна.

Имено, репортерот сакал да ја фотографира пејачката во близина на гробот на нејзината мајка Дивна Карлеуша, на што таа реагирала бурно, и физички го нападнала и опцула.

По упатените пцовки и повици да излезе од автомобилот за да го „претепа“, Карлеуша и го плукнала фоторепортерот.

По овој инцидент, Шпорчиќ поднесе пријава против пејачката.

Слични содржини