КАРМА: Пике би можел два пати неделно да носи дрес на кој пишува „Шакира“ (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

На секои неколку дена шпанскиот фудбалер ќе биде принуден да го носи името на жената со која помина 12 години, а потоа ѝ го скрши срцето.

Како што пренесуваат европските спортски медиуми, Жерар Пике во иднина би можел двапати неделно да носи дрес на кој пишува – Шакира!

Имено, неговиот ФК Барселона има договор со музичката платформа Spotify, чии челници сакаат да промовираат некои музички ѕвезди со тоа што ќе ги испишат нивните имиња на дресовите на спортистите, а се шпекулира дека името на Шакира ќе стои на дресот на Барселона.

Познатиот шпански новинар Мојсес Љоренс тврди дека се било договорено и е пред потпишување.

Сè уште никој не ги коментирал овие тврдења: ниту Барселона, ниту Spotify, ниту шпанската Ла Лига, па останува да видиме дали фудбалерот ќе го видиме како носи дрес со името на жената на која неодамна ѝ го скрши срцето.

Слични содржини