Карневалот во Сао Паоло откажан поради короната

од Vladimir Zorba
187 прегледи

Бразилскиот град Сао Паоло објави дека ги откажува карневалските прослави што треба да се одржат во февруари следната година поради пандемија на коронавирусот и дека ќе го одложи до крајот на мај или почетокот на јули.

„И училиштата со самба и карневалските организации сфаќаат дека е невозможно да се организира карневал следниот февруари“, рече градоначалникот на Сао Паоло, Бруно Ковас на прес-конференција.

Градските власти во моментов разгледуваат некои алтернативни датуми: може да биде крајот на мај или почетокот на јули 2021 година, но не и јуни, затоа што тогаш карневалот би се совпаднал со многу популарната прослава на Денот на Сан Хуан.

На 11 март, Светската здравствена организација објави епидемија на новиот коронавирус Ковид 19, за пандемија. Според најновите податоци, досега во светот се заразени над 15,79 милиони луѓе, од кои починале повеќе од 639 илјади.