Карпа во Велес урна ѕид од куќа

од desk2
86 прегледи

Одрон од карпа и земја турна ѕид од куќа во Велес.

Како што соопшти МВР вчера во 14 часот М.К.(34) во СВР Велес пријавил дека на улицата „Коле Цветков“ дошло до рушење на карпа и земја од задниот дел од куќата, сопственост на неговиот татко, 60-годишниот Д.К.

Карпата турнала ѕид од куќата и дел од гаражата. За настанот бил известен Центарот за управување со кризи.