Карпошани се гушат: Гори градежен шут и отпад позади СЦ „Борис Трајковски“ (ФОТО)

од Aleksandar Petrovski
238 прегледи

Голем чад во Карпош 3 е забележан утрово позади Спортскиот центар „Борис Трајковски“.


Од противпожарната бригада на Град Скопје велат дека станува збор за запален отпад на помала површина, но истиот претставува проблем за гасење.

„Се работи за градежен шут и отпад. Имаме три возила и осум пожарникари на терен. Не станува збор за голем пожар, зафаќа мала површина, меѓутоа е малку проблематична за гасење. Нема опасност за ништо“, велат од службата.

Фото: Твитер