Карвахал ќе оди на операција на коленото, аут меѓу осум и 10 месеци

од Vladimir Zorba
19 прегледи

Фудбалерот на Реал, Дани Карвахал денеска изјави дека ќе мора да оди на операција, бидејќи заработи тешка повреда на предните вкрстени лигаменти на коленото.

Карвахал (32) се повреди во саботата навечер на натпреварот од деветтото коло во шпанската Ла Лига помеѓу Реал и Виљареал (2:0). Фудбалерот на Реал се повреди на крајот од натпреварот, а на носилки беше изнесен од теренот.

„Потврдено ми е дека имам тешка повреда на вкрстените лигаменти на коленото, ќе морам да одам на операција. Ќе бидам надвор од теренот неколку месеци. Едвај чекам да почнам со рехабилитација и да се вратам на теренот посилен од кога било“, изјави Карвахал на социјалните мрежи.

Шпанските медиуми пренесуваат дека играчот на Реал би можел да биде надвор од терените меѓу осум и 10 месеци. Карвахал оваа сезона одигра 11 натпревари за мадридскиот клуб и постигна еден гол

Слични содржини