Искусниот дефанзивец на Реал Мадрид, Даниел Карвахал ги сподели своите очекувања за натпреварот против Аталанта. Двата тима ќе се натпреваруваат во Суперкупот на Европа во Варшава.
„Одморот беше краток, но неопходен. Успеав да ги наполнам батериите и да уживам во времето со моето семејство. Сега сум исклучително мотивиран да продолжам да освојувам трофеи со Реал Мадрид“, изјави Карвахал.
„Се уште ја чувствувам пријатната емоција од освојувањето на ЕП 2024. Сепак, време е да го смениме фокусот. Се вратив во мојот клуб и ни претстои тежок натпревар против силен противник, кој многу сакаме да го победиме“, продолжи десниот бек.
„Ја третираме Аталанта со голема почит. Погледнете кои екипи елиминираа во Лига Европа. Го победија Ливерпул, а во финалето Баер (Леверкузен)“, потсети Карвахал.