Касами: Ахмети имаше десет години со Груевски и осум со Заев за да го реши начинот за претставување на Албанците во Влада

од Nikola Popovski
759 прегледи

Претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами ги критикувал постапките на коалицијата Европски фронт, чии пратеници вчера ја напуштија салата пред да се гласа за нов претседател на Собранието. Касами порачал дека нивната постапка е срамна и побарал од Европскиот фронт да биде конструктивна опозиција.

„Тоа беше неочекувано за мене. За жал, идната опозиција од самиот почеток го покажа својот пристап кон случувањата што ќе се случуваат во Северна Македонија. Штета е бидејќи не требаше да го направат тоа“, рекол Касами, пренесуваат дел од медиумите на албански јазик.

За легитимното претставување на Албанците во Владата, Касами истакнал дека, „доколку Али Ахмети се грижел за интересите на Албанците, ќе нашол некакво правно решение, како што е во Косово, каде Србите се заштитени со тамошниот Устав за нивна застапеност во владата“.

„Ахмети имаше десет години со Никола Груевски и осум години со Заев да го институционализира ова прашање, но тоа не го направи“, додал членот на ВЛЕН.

Слични содржини