Касами бара 20 пратеници, за претседателските избори вели се историска шанса кандидат Албанец да влезе во вториот круг

од Nikola Popovski
182 прегледи

Претседателот на БЕСА и градоначалник на општина Тетово, Биљал Касами синоќа побарал 20 и повеќе пратенички мандат од албанските гласачи на престојните парламентарни избори. Според неговите зборови, ваквото барање следува откако ВМРО-ДПМНЕ побарал 60 плус пратеници во Собранието.

-Доколку ВМРО ДПМНЕ бара 60 плус пратеници од македонските граѓани за да не мора да се соочи со Албанците или да им избега за обврските кои се пред нас, а тоа се уставните измени и преговорите со ЕУ, тогаш и јас велам, нека ни дадат албанските гласачи 20 и повеќе пратеници и не мора да се грижат за ништо, ни за нивните права, ни за европскиот пат на државата, изјавил Касами во емисијата „Клик плус“.

Околу претседателските избори, Касами истакнал дека се историска шанса кандидат Албанец да влезе во вториот круг. Тоа вели го кажуваат моменталните бројки и рејтизни на партиите.

-Овој пат се одлучивме тој да биде политичка фигура, во игра е Таравари, во игра сум јас, набрзо ќе дознаете. Албанците имаат историска шанса нивниот кандидат да влезе во вториот круг на претседателските избори. Тоа го кажуваат моменталните бројки и рејтизни на партиите, СДСМ има многу низок рејтинг моментално и тоа е шанса албанскиот кандидат да влезе во втор круг доколку сите Албанци гласааат за него. На Албанците затоа им треба еден кандидат, рекол Касами на прашањето дали со Али Ахмети може да се договорат за Албанците да имаат еден кандидат.

Според Касами, ДУИ нема да излезе со кандидат Албанец.

-ДУИ ја имаше оваа шанса, но ДУИ нема да излезе со кандидат Албанец, а доколку излезе со свој кандидат, тоа ќе го направат затоа што ние ќе излеземе. ДУИ не е тука да ги застапува интересите на Албанците, оценува Касами.

Слични содржини