Касами: БЕСА е во опозиција и тука веќе нема дилема

од Nikola Popovski
268 прегледи

Одлуката за гласање доверба на Владата беше моја одлука како претседател на БЕСА, а не индивидуа, во консултација со тесното раководств, вели градоначалникот на Тетово и лидер на партијата, Билал Касами во емисијата „200“.

Тој укажува дека додека таквата одлука била донесена и јавноста информирана, во ниту еден момент до денес немал барање од некој член на раководството, за да се дискутира за одлуката.

-БЕСА е во опозиција и тука веќе нема дилема. Гарантирам за секој пратеник, како што сум да гаранција и пред тоа што се случи со пратеникот Реџепи, дека тие се со слободна волја во оваа позиција. Имам целосна доверба кон останатите двајца пратеници, како што имав и претходно кога беа тројца, додава Касами.