Касами: Гласачите ги осудија игрите на Таравари, денес е подготвен да му сврти грб на Али Ахмети

„Мислам дека Таравари треба да остане блиску до Али Ахмети. Значи, ако влегоа заедно во битката, треба да останат до крај“, рекол Касами

од Nikola Popovski
31 прегледи Фото: Официјален Фејсбук профил на Биљал Касами

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, во интервју за косовската „Teve1“, зборувал за резултатите од локалните избори, како и за коалицијата НАИ, предводена од ДУИ. Касами истакнал дека гласачите го осудиле лидерот на едното крило на АА, Арбен Таравари за неговите политички игри, додавајќи дека „Таравари е подготвен денес да му го сврти грбот на Али Ахмети“.

Касами зборувал и за причините за заминувањето на Таравари од коалицијата ВЛЕН.

„Причината е наводно политичка, но во суштина е перверзна. Врз основа на некои експертски анализи на анкетите на јавното мислење, на Таравари му беше покажано дека ќе му биде тешко да ја освои општина Гостивар додека е дел од ВЛЕН, а единствениот начин да ја освои сигурно е да оди со ДУИ. А потоа Таравари почнува политички игри, барајќи шест општини, отворени листи, знаејќи дека ќе му кажеме не“, кажал Касами.

-За да го потврдам ова, додава градоначалникот на Тетово, двете општини на Таравари денес не го достигнаа потребниот цензус и не успеаја.

-Ова покажува дека гласачкото тело не прифаќа ниски политички игри. Гласачот го осуди Таравари за неговите политички игри. Денес, Таравари, соочен со таква ситуација, со клиничката смрт на Али Ахмети, Таравари е подготвен да му сврти грб. Мислам дека Таравари треба да остане блиску до Али Ахмети. Значи, ако влегоа заедно во битката, треба да останат до крај“, рекол Касами.