Првиот човек на БЕСА и градоначалник на општина Тетово, Биљал Касами вчера најави дека неговата партија нема да биде дел од евентуалната широка Влада.
Касами во изјава за медиуми на албански јазик во земјава изјавил дека неговата партија би влегла во Влада, дури по следните парламентарни избори.
– Не. Движењето Беса ќе влезе во Владата дури по следните парламентарни избори, како победник на тие избори во албанскиот политички блок, изјави Касами.
Откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека би прифатил гласање за уставни измени, предлагајќи два услови, се повеќе се зборува за формирање широка Влада, при што дел од неа не би била ДУИ. Мицкоски побара ДУИ да се повлече, по што од партијата на Али Ахмети се согласија тоа да го сторат до следните предвремени или редовни парламентарни избори, под услов опозицијата веднаш да ги гласа промените на Уставот.