Претседателот на БЕСА, Биљал Касами, денеска ја нападна кандидатката за градоначалник на Тетово, Теута Арифи за злоупотреба на општинскиот буџет.

– Иако е во последните денови од нејзиниот мандат на чело на општината Тетово, градоначалничката во заминување Теута Арифи продолжува да го прави тоа што умее најдобро: да го троши буџетот на општината за индивидуи кои ѝ вршат лични услуги нејзе, користејќи ја буџетската линија за договори на дело. Во овој период од нејзиното неуспешно четиригодишно владеење, се евидентираат огромни трошоци за лични потреби и за нејзиниот тим и за вработувања на договор на дело, главно партиски милитанти и групи на интерес со што овие услуги ѝ ги „отплаќат” на градоначалничката во заминување со најниски клевети кон секого кој ги открива и ги обелоденува овие коруптивни факти – рече тој.
Тој се повика на информаци објавени од организации кои ја мониторират општината и рече дека 113,6 милиони денари се потрошени за договори на дело (1 милион и 830 илјади евра).
– Теута Арифи прави двојна злоупотреба, не само со општинската каса, но и со кршење на изборниот законик злоупотребувајќи ги општинските средства, и посакувајќи да коруптира луѓе и да купува гласови. Во овој случај прашуваме јавно, колку ги чини тетовци од нивните такси еден глас за неуспешнава градоначалничка? Особено кога овие фиктивни вработувања се прават спротивно со програмата на општината и спротивно со секоја административна процедура. Ги повикуваме сите органи на редот да ги испитаат што поскоро овие злоупотреби кои продолжуват за цели четири години во Општина Тетово, додека кулминацијата ја достигна во овој период на изборите кога буџетот на општината се злоупотребува од градоначалничката во заминување, Теута Арифи – рече Касами и вети дека сите овие податоци ќе се објават на неговиот прв работен ден како градоначалник и сите злоупотребувачи ќе бидат ставени пред лицето на правдата.