Касами ја посети украинската амбасада и предаде писмо за солидарност до Кличко

од Nikola Popovski
213 прегледи

Денеска заедно со заменик-претседателот на Движењето БЕСА, Аријанит Хоџа, во Украинската амбасада во Скопје, лидерот на партијата и градоначалник на Тетово, Билал Касами остварил средба со амбасадорката на Украина, Наталија Задорожни.

Тој изразил солидарност до граѓаните на Киев и со Украинскиот народ.

-На средбата, во својство на градоначалник на Тетово, на амбасадорката Задорожни, и го предадов писмото за солидарност упатено до градоначалникот на Киев, г-дин Виталиј Кличко!

Амбасадорката Задорожни не информираше и за состојбата во Украина, не информираше детално за борбите, масакрите и што се случува таму. Што се однесува до РСМ, ние како опозициска партија сме подготвени да ја поддржиме секоја иницијатива што ќе биде преземена од државните органи. Се надевам дека наскоро Украина ќе биде дел од НАТО, за да има целосна територијална безбедност. На амбасадорката и ја понудивме безрезервната поддршка на Движењето БЕСА, каде како политичка партија ги поддржуваме европските политики со осуда на руската агресија во Буча и во сето ова тешко време низ кое минуваат граѓаните на Украина, информира Касами.

Слични содржини