Касами како услов за уставни измени побара предвремени избори

од Radmila Tasevska
180 прегледи

Денес лидерот на БЕСА, Билал Касами, на прес конференција најави дека ќе бараат одржување на предвремени парламентарни избори, а доколку власта не го прифати тоа најави дека ќе преземат порадикални чекори.

Тој како услов за уставни измени побара предвремени избори.

Според него внесувањето на Бугарите во Уставот е во директна корелација со одржувањето на предвремените избори.

„Ако за власта приоритет е промената на Уставот и внесување на Бугарите како народ во него, тогаш мора да се направи компромис за предвремени избори. Мислам дека ако се има волја за да се решат проблемите и актуелните во делот на интегрирањето и економските и енергетските и за слабото менаџирање на институциите, се надевам дека можеме да се договориме и за уставни измени и за избори“, кажа тој.

Касами најавува дека радикализацијата значи вршење на притисок врз власта преку протести. За постигнување на оваа цел тој вели дека се подготвени за соработка со сите партии од албанскиот опозициски блок, а не ја исклучува можноста за соработка со Алијанса за Албанците и со ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини