Касами: Ќе побараме средствата да се вратат од тие што земале плата а не работеле во општина Тетово

од Берта Китинска
310 прегледи

Да ги вратат средствата тие што земале плата, а не работеле во општината, ќе побара градоначалникот на Општина Тетово Биљал Касами.

„Вкупно 294 претходно вработени во општина Тетово или кои имале договор на дело не ми поднесоа извештај за нивното сработено, што значи земале плата а не работеле. Буџетот се оштетувал за сума од околу 1 милион евра годишно. Ние ќе побараме овие средства да се вратат, ако треба и по судски пат. Разберете, за многумина не можевме два месеца договорите да им ги најдеме, скриени по фиоките“, вели Касами, во дебатниот магазин „Click Plus“