Касами: Конечно изгаснат пожарот во магацинот на фабриката „Пофикс”

од Берта Китинска
225 прегледи

Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами преку социјалните мрежи објави дека конечно е целосно изгаснат пожарот во магацините на компанијата „Пофикс” во поранешниот тутунски комбинат „Македонија Табак”.

–По многу напори на екипата на Територијалната противпожарна единица и доброволци, конечно е изгаснат пожарот во магацинот на фабриката „Пофикс”. Напорите од нашите херои го дадоа долгоочекуваниот резултат. Ваквите настани посакувам да не се повторат, со надеж дека иднината ќе биде добра и светла. Благодарност до сите учесници кои помогнаа во овие два исклучително тешки дена, порача Касами.

Вчера од пожарната информираа дека неколкумина нивни колеги се полесно повредени или задушени поради интензивниот чад.

Слични содржини