267
Мицкоски не работи ништо поразлично од претходното раководство во однос на правата и подобрувањата на правата на Албанците, изјави вечерва во „Клик Плус“ претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами, кој коментираше за можната нова коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со Алијанса за Албанците и Алтернатива.
„Ние сме Албанци од Северна Македонија, не сме Македонци, и затоа бараме така да пишува на личните карти“, вели Касами.
„На Мицкоски му дадов шанса да се промени, се сретнав во него во центарот на градот, но не прави ништо во овој правец. Во овој момент соработката меѓу македонските и албанските опозициски партии не е принципиелна“, додаде Касами.