Касами: Нема место во Владата за оние кои сакаат соработка со ДУИ

од desk4
66 прегледи

Лидерот на Беса, Биљал Касами, порача од Тетово дека нема да има место во Владата за партии од коалицијата „Вреди“ кои соработуваат со ДУИ. Тој истакна дека оваа позиција е јасна од почетокот и е насочена кон борба против корупцијата.

Касами додаде дека одредени членови на Алијанса за Албанците не се согласуваат со ставовите на нивниот претседател Арбен Таравари, кој најави можност за локална соработка со ДУИ. Според него, во „Вреди“ има место само за оние што јасно се определуваат за борба против корупцијата и се дистанцираат од досегашните владејачки структури.