Касами: Ништо позитивно немам наследено од Арифи

од Берта Китинска
251 прегледи

Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека ништо позитивно нема наследено од неговата претходничка Теута Арифи.

Имено, по прашање околу тоа да посочи барем една позитивна работа што ја има наследено од претходничката Теута Арифи, Касами одговори саркастично – „позитивен на ковид, тоа е единствената позитивна работа во ова црнило“.

Тој вели дека за жал не може ништо позитивно да одвои од нејзината работа и тоа граѓаните на Тетово многу добро го знаат.Исто така додаде дека не бил во контакт со Арифи и нема зашто да биде.

Касами вчера кажа дека ќе ги побара средствата од лицата кои земале плата, а не работеле во општината.

„Вкупно 294 претходно вработени во општина Тетово или кои имале договор на дело не ми поднесоа извештај за нивното сработено, што значи земале плата а не работеле. Буџетот се оштетувал за сума од околу 1 милион евра годишно. Ние ќе побараме овие средства да се вратат, ако треба и по судски пат. Разберете, за многумина не можевме два месеца договорите да им ги најдеме, скриени по фиоките“, вели Касами.

Арифи му порача да не се занимава со неа.

Новиот избран градоначалник на Тетово како да останал во предизборна кампања и сака да искажува невистини како што правеше во целата кампања.Јас избрав да му дадам џентлментски 100 дена, само можам да кажам дека апсолутно ми е жал поради фактот што не може, не знае , нема способност да се носи со проблемите кои се големи во општината, а се занимава со мене, вели поранешната градоначалничка на Тетово, Теута Арифи во Утрински Брифинг.

-Нормално дека нема 800 луѓе вработени со договор на дело.Касами ги објави сите уплати кон физички лица во 2021. Тука има членови на комисии, исплати врз основа на одлуки на Совет и разни исплати кон физички лица. Тоа не значи дека тие се под договор на дело. Тоа е тенденција да се направи приказна, рече Арифи.