Касами: Очекувам пратеници од опозицијата да се приклучат на актуелното мнозинство

од Берта Китинска
320 прегледи

Лидерот на Беса и новоизбран градоначалник на Општина Тетово, Биљал Касами, во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека очекува актуелното владино мнозинство да се зголеми, односно пратеници од опозицијата да се приклучат на мнозинството.

„Мислам дека тоа ќе се случи. Имаме силна поддршка од Вашингтон“, посочи Касами.

Претходно Касами посочи дека треба забрзување на евроатлантскиот процес на државата, односно дека за нив е важно Владата да продолжи во тој правец.

„Не сум имал средба со Заев, ќе се сретнам со него оваа недела. Ние имаме договор со Заев, кој е претседател на СДСМ. Ние добивме мандат од граѓаните на изборите во 2020 година и имаме обврска да го продолжиме мандатот. Северна Македонија нема друга алтернатива освен евроатлантскиот пат“, посочи Касами.

Тој вели и дека треба реконструкција на Владата.

„Треба да има промени. Не сме сигурни дали ќе гласаме за сите министри на ДУИ“, додаде Касами.