174
Движењето Беса ја официјализираше кандидатурата на партскиот лидер Билал Касами за градоначалник на Тетово.
Партискиот претседател од градскиот плоштад порача дека ќе се бори за европско Тетово.
-Тетово не бара импровизација во работата, бара системска работа. Општина Тетово не треба да вработува луѓе само за да пишуваат коментари на социјалните мрежи, платени медиуми за да нема критика и да не се кажува реалноста. Тетовчаните заслужуваат да знаат каде оди секој денар од општинската каса. Тетовчаните заслужуваат активно да учествуваат во трансформацијата на нивниот град. Овој град е толку важен и има толку можности, истакна Билал Касами на собранието.