Касами останува градоначалник: „Имаше министерства предводени од Албанци кои не работеа добро ниту за Албанците ниту за Македонците“

од Nikola Popovski
582 прегледи

Градоначалникот на Тетово и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Биљал Касами денес не сакаше да даде подетални информации за тоа што е договорено со ВМРО-ДПМНЕ околу поделбата на ресорите и кадровските места во новата Влада. Тој истакна дека тоа е дел од стратегијата за преговарања.

-Ние можеме да бараме и половина влада, а и да ни се понуди многу малку. На крај ќе дојдеме до најсоодветното за сите партнери кои ќе бидат дел од Владата, а во интерес на граѓаните, рече Касами од Тетово.

Претседателот на БЕСА жали што во минатото имало многу министерства предводени од Албанци кои кои не сработиле добро и доволно ниту за граѓаните Македонци, ниту за граѓаните Албанци.

Вели дека останува градоначалник на Тетово и дека нема амбиција за министерско место.

-Али Ахмети знае како ги добил и овие мандати кои ги добил сега. Затоа е во паника. Ние едноставно кажуваме да им дадеме можност на граѓаните во среда да излезат и да гласаат, изјави Касами за прегласувањето на седум места кое ќе се случи во среда на 22-ри мај.

Слични содржини