Касами: Подготвени сме за разговори со цел ротација на власта и во албанскиот политички кампус

од Берта Китинска
162 прегледи

Движењето БЕСА е подготвено да соработува со која било политичка партија или групација во албанската опозиција со кои би имале заедничка цел, а тоа е конечено и во албанскиот политички кампус да има ротација на власта. Сите политички партии со кои може да седнеме, да се договориме, ние сме подготвени да разговараме да формираме широк опозициски фронт, рече денеска во одговор на новинарско прашање претседателот на Движењето БЕСА Билал Касами.

Тој на прес-конференција рече дека Движењето Беса констатира оти Извештајот на ЕК за 2022 е сериозен извештај кој, како што рече, зборува за недостатокот на капацитетот на Владата да ги имплементира препораките на Европската комисија за пристап на земјата кон ЕУ.

-Единствениот кластер кој е повисоко рангиран е тој од надворешната политика и безбедност кој како таков избалансиран со политиката на ЕУ и НАТО, додека сите други кластери тапкаат во место. Истите дури резултираат уште послабо од претходниот извештај на Комисијата. Потполна стагнација на напредокот во борба против корупцијата, непотизмот, општа неспособност на Владата за транспарентно менаџирање со финансиите, како и неспособност за привлекување на европските фондови и нивно лошо досегашно менаџирање, сега и во минатото, изјави Касами во седиштето на партијата во Скопје.

Слични содржини