307
Лидерот на Беса и актуелен градоначалник на Тетово, Биљал Касами во полициска станица го пријавил наводното исчезнување на пратеникот на БЕСА, Кастриот Реџепи и неговото семејство.
-Не може 24 часа да нема пратеник со имунитет и никој да не презема ништо. Го повикувам премиерот и власта да го најдат пратеникот и да ја разрешат ситуацијата, потенцира Касами пред медиумите.
Според него, власта со вакви механизми може да обезбеди 120 гласа.
-Додека не го видам ќе сметам дека е киднапиран, рече Касами додавајќи дека се сомнева оти изјавата на Реџепи која ја даде преку социјалната мрежа Фејсбук е дадена под присила.