17
43-годишен жител на тетовското село Требош бил повикан во полиција откако градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, пријавил дека пријавениот му се заканувал преку порака.
„Вчера во 11.30 часот во СВР Тетово бил повикан Ј.В.(43) од с. Требош, за кого постои основано сомневање дека извршил кривично дело „загрозување на сигурноста“ пријавено околу 10.30 часот во СВР Тетово од градоначалникот на Општина Тетово Б.К.(49) од Тетово, кој пријавил дека претходниот ден околу 23.40 часот на неговиот мобилен телефон добил порака со заканувачка содржина“, велат од МВР.
По целосното расчистување на случајот, полицијата најави дека ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.