Почитувани тетовчани, во овој студен зимски период се соочуваме со проблемот со недостиг на вода во нашите домови, сето тоа како резултат на дефекти кои ни се појавуваат одвреме навреме, а тоа доаѓа од несоодветното инвестирање со непочитување на потребните стандарди за овој аквадукт.Преку ова соопштение, не сме изземени од обврските и одговорностите што ги презедовме од вашата одлука на изборите, со најголема искреност сакам оваа објава да послужи како информација за реалната состојба во која се наоѓаме заедно, пишува на својот Фејсбук профил тетовскиот градоначалник Биљал Касами.
Тој објаснува дека општината постојано се соочува со последователни дефекти, изразувајќи благодарност до вработените во Општинското јавно претпријатие кои постојано се во највисоките места во Шар Планина, и даваат се од себе, со малкуте услови што ги имаат.
-Во текот на овие денови, санирајќи еден многу тежок проблем, денеска се соочуваме со уште еден друг дефект, на една од точките на водоводната мрежа.Во околностите во кои постојано се наоѓаме, ве молам за разбирање и трпение и во овие 2 месеци да се трудиме и заедно да ги надминеме овие проблеми. И покрај тоа што сакам да ве уверам дека во текот на пролетната сезона и ублажувањето на климатските услови ќе започнеме и со целосно санирање на водоводната мрежа и овој проблем еднаш засекогаш ќе се реши, вели Касами.