Градоначалникот на Тетово Биљал Касами денеска се сретна со малиот генијалец Македон.
-Денеска имав исклучително интересна средба со малиот Македон од Тетово, кој на само седум години владее неколку јазици, одлично ја познава математиката, историјата, географијата, астрономијата.Дел од своето знаење кратко ни го претстави, а најголем впечаток му остави покажувајќи ни ги сите светски држави, чии знамиња знае и да ги нацрта. Затоа му подарив еден од глобусите кои ги има нашата општина, на што многу се израдува и заблагодари.Тетово се гордее што има вакви натпросечно интелигентни дечиња, кои ги очекува светла и успешна иднина. Треба безрезервно да ги поддржиме и да им овозможиме услови успешно да се развиваат.Општина Тетово нуди целосна поддршка и помош, за се што ќе му биде потребно на Македон, за да продолжи да го трасира патот кон успехот!, напиша Касами.