Потпретседател на Владата, Артан Груби вечерва на неговата фејсбук објави дека за Владата одлучувачки е гласот и волјата на тетовчани, затоа од вторник ќе биде донесена одлука просториите кои беа доделени на Агенцијата за катастар на недвижности да се вратат повторно во служба на Средното медицинско училиште во Тетово.
По оваа информација се огласи и тетовскиот градоначалник Касами кој рече дека „битката со Владата на СДСМ-ДУИ победи“.
-Средношколците ќе учат каде учеле досега!Битката со Владата на СДСМ-ДУИ победи.Почитувани граѓани и почитувани тетовци. На прес-конференција денеска изразив загриженост за тоа како Владата ДУИ-СДСМ незаконски потпишала одлука со која училишниот објект познат како „стар лек“ да се користи за катастар. По притисокот што ние како општина денеска го извршивме врз Владата, добивме информација дека оваа незаконска одлука ќе биде повлечена и учениците ќе продолжат да учат во истиот објект.Интересот на секој граѓанин за нас е во прв план и нема да дозволиме тетовци да бидат оштетени од оваа власт. Ќе застанеме рамо до рамо со учениците, родителите, граѓаните и ќе се бориме против секоја неправда направена кон нашите граѓани!, напиша Касами.