Касами: Тетово ќе има нов градоначалник кој ќе се грижи за граѓаните

од Nikola Popovski
625 прегледи

Победуваме во Тетово. Градот за првпат ќе има градоначалник кој ќе се грижи за граѓаните, рече кандидатот за градоначалник на БЕСА и претседател на партијата, Билал Касами во изјава за медиумите.

Според него, Тетово ќе биде град на сите, односно град на културата, образованието, иднината.

Тој им се заблагодари на сите активисти и гласачи на Беса и нагласи дека во вториот круг нема да бидат разочарани.

Според информациите на ДИК, ќе има и втор круг во Тетово, а покрај Касами, ќе се најде и кандидатката на ДУИ и актуелна градоначалничка Теута Арифи.

 

Слични содржини