Касами тврди дека владината коалиција ќе се зголеми со нови партнери од Европскиот фронт

од Nikola Popovski
16 прегледи

Градоначалникот на општина Тетово, Биљал Касами од редовите на ВЛЕН вели дека празните места во извршната власт, кои им припаѓаа на крилото на Арбен Таравари, сега се резервирани за пратениците на Европскиот фронт, за кои се очекува да се приклучат на парламентарното мнозинство.

Касами рече дека се водат дискусии за тоа кои позиции треба да ги заземат.

„Во разговори сме со неколку пратеници и политички партии кои претходно беа дел од Европскиот фронт, кои наскоро ќе бидат дел од владината коалиција. Планиравме да ги пополниме позициите на едното крило на АА со кадри од овие партии или пратеници кои ќе се приклучат на мнозинството. Тоа е процес на разговори за позициите што ќе треба да ги заземат во владатa. Сме во преговори со неколку такви пратеници, односно политички партии кои се дел од Европскиот фронт и многу брзо тоа ќе се случи. Во делот на тоа место и на неколку други испразнети места значи се да кажам резервирани за вакви припојувања кон владината коалицијае“, кажа Касами, одговарајќи на новинарски прашања.

По превирањата во владините редови, Азир Алиу и официјално стан нов министер за здравство, а Албрим Хоџа нов заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Пратениците во Собранието ги изгласаа со 65 гласа „за“, 15 „против“ и ниту еден воздржан. Смените следат по турбуленциите кај владиниот партнер, коалицијата ВЛЕН којашто ја напушти досегашниот министер за здравство, Арбен Таравари кој го предводи едното крило на АА од сегашните вкупно три.

Слични содржини